Османи за ФАЦ: Сè додека не станеме дел од ЕУ македонски граѓани ќе аплицираат за бугарски пасоши

by Fokus

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) вели дека најдобрата гаранција за зачувување на македонскиот индентитет е, по влезот во НАТО, земјата да стане членка и на Европската Унија (ЕУ), пренесува „Дојче веле“ на македонски јазик.

Според министерот за надворешни работи, Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на ЕУ.

На прашањето дали постојат гаранции дека Бугарија нема да поставува нови барања по евентуалното усвојување на уставните измени, Османи вели дека бугарската политика е толку несигурна што никој не може да знае што ќе донесе следниот ден.

„За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден. Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања. Но, за мене е важно што е на агендата на ЕУ, ништо друго“, вели министерот за надворешни работи.

Тој вели дека земјава постигнала компромис со Бугарија – акциски план за малцинставата и оти сакаме темата да ја префрлиме од историски интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права, затоа што во тоа сме добри.

 

Поврзани новости