Закон за амнестија: Двајца осуденици за „Монструм“ и Сеад Кочан на слобода

by Fokus

Хаки и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“, ќе се најдат на слобода со новиот закон за амнестија на Кренар Лога, доколку законот помине во Собрание, објави 24Вести.

Двоецот Азири е осуден на 9, односно на 15 години затвор за помагање по ликвидацијата на четири момчиња и еден возрасен човек кај Смилковското езеро, но со законот кој што го протурка во Влада министерот за правда Лога, а премиерот Димитар Ковачевски тврдеше дека тоa е само за осудени за полесни кривични дела, ќе излезат на слобода.

ТВ 24 дојде до дел од листата на осуденици кои ќе го напуштат Идризово доколку помине во Собрание законот за амнестија, на неа го има Хаки Азири, но адвокатот на Фејзи Азири, Насер Рауфи тврди дека и тој апсолутно излегува од Идризово.

 

 

 

Поврзани новости