Османи вонредно оди за Луксембург и Брисел да лобира за отворање на преговорите

by fokus

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи утре ќе отпатува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на Европската Унија и земјите – членки на Унијата, а во очи Министерскиот состанок за општи работи (ГАК), каде на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

Во рамките на посетата, како што соопшти прес-службата на СЕП, Османи ќе оствари и работна средба со алтернативниот министер за Европа на Грција, Милтиадис Варвициотис, прва официјална средба на министрите за европски прашања на двете земји, по изборот на новата Влада на Мицотакис во Грција.

На средбата се очекува да бидат отворени прашањата за билатералната соработка меѓу двете земји, особено во рамките на предвидената соработка за европските интеграции на земјата.

Поврзани новости