Османи во работна посета на Италија во пресрет на Советот на ЕУ

by fokus

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Република Италија, во рамки на која ќе оствари средби со италијанскиот министер за европски прашања Винченцо Амендола, како и со Претседателот на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат, Лучијано Далфонсо.

Централна тема на средбите, како што информираат од СЕП, ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија и поддршката од Република Италија во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ наредната недела, а во разговорите се очекува да бидат опфатени и прашања поврзани со европската перспектива на останатите земји од Западниот Балкан и регионалната динамика.

Посетата на Италија преставува дел од европската турнеја на Вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на состаноците на Советот на ЕУ наредната недела.

Поврзани новости