397
Реформската агенда на Србија, партнерството на земјата со ОБСЕ и помошта што ѝ ја дава Мисијата на ОБСЕ во Србија за реализирање на овие процеси ќе бидат главните теми на дводневната посета на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на официјален Белград.
Информациите од македонското МНР се дека Османи во Белград ќе оствари средби со претседателот, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, а со неговиот домаќин, Ивица Дачиќ, прв вицепремиер за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи.
Османи ќе има средби и со претседателот на Националното собрание на Србија, Владимир Орлиќ и парламентарна делегација на Србија во Парламентарното собрание на ОБСЕ.