Османи во контрола на двојазичноста, прашува директор до каде е таблата на албански јазик

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се впушти во проверка дали институциите низ земјава ја применуваат двојазичноста со поставување на табли и на албански јазик. Според видеото што вицепремиерот го објави на својот официјален фејсбук профил, тој заедно со директорот Илбер Села ги проверуваат сите табли на институциите кои немаат натписи и на албански јазик.

Османи наиде на Агенцијата за администрација каде се гледа дека таблата е само на македонски јазик. Османи му се јави на директорот за да провери до каде е таблата на албански јазик.

-Ало, добар ден, Бујар Османи на телефон, како сте директоре. Во сабота се јавувам сакав да те прашам тука сум пред институцијата, гледам таблата е само еднојазична каков ви е планот за менување?.. Вчера требало да ја добиете, имало грешка во буквите… Подобро што сте ја вратиле, за да нема грешка, тоа е полошо. Комуницирате со Агенцијата за јазици?.. Е така. За да ви помогне во дефинирање. Добро. Готово – се слуша како Османи му вели на директорот.

Ова може да се види тука по 5:30 минута.

Поврзани новости