Вицепремирот Бујар Османи попладнево соопшти дека Обвинителството ја затворило истражната постапка „Пациент“ во која тој беше еден од инволвираните.
-Вистината конечно стигна до правдата! Сите шпекулации и лажни обвинувања кон мене во случајот „Пациент“ завршија. Онака како што постојано тврдев, по разгледување на сите приложени докази, Јавното обвинителство ја заклучи истражната постапка и оцени дека нема ништо незаконско во моето работење. Сакам да им се заблагодарам на моите најблиски, на мојата фамилија, на моите пријатели за довербата која ја имаа низ целиот овој период. Благодарност и за моите колеги, моите соработници за внимателноста и трпението со кое ми оставија и простор и време за да ја докажам мојата правда и мојата правичност, напиша Османи.