Мицкоски од Вевчани: Да го поразиме вирусот Заев, а потоа ќе си ја обновиме државата

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево од Вевчани порача дека на 15-ти јули ќе се стави крај на вирусот Зоран Заев, а потоа ќе започне обновата на Република Македонија.

-На 15-ти јули е нашата шанса да го сонуваме сонот кој што сакаме да го сонуваме, но најпрвин треба нив да ги победиме. Најпрвин треба оваа пандемија да ја победиме. И затоа секогаш зборуваме отворено и искрено, отворено и искрено и за нашите слабости. Затоа што човекот е голем онолку колку што може да ги признае и сопствените слабости. Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата и најорганизираната политичка партија во нашата држава научив да живеам со слабостите на луѓето. Но луѓето не треба да научат да живеат со слабостите на властодршците. Затоа што народот е тој кој што дава и тој кој што зема. На 15-ти јули јас сум убеден во мудроста на Вевчани и убеден сум во мудроста и храброста на граѓаните на нашата Македонија дека ќе излезат масовно и масовно ќе ја поразиме оваа пандемија која што ја донесе ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, а потоа ќе ги засукаме ракавите и ќе си ја обновиме државата, нагласи Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните на Вевчани масовно на 15-ти јули да излезат и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

-Разговаравме со многу луѓе и пред кампањата и сега ќе поминеме за време на кампањата многу градови и многу села и ќе разговараме со многу сограѓани. Истото она што го слушав и пред една година, пред две години, и пред три години истото го слушаме и денес. Тешко се живее, мачно се живее. Од друга страна пак се попусти ни се селата, се попусти ни се градовите, луѓето се иселуваат , младите ги напуштаат домовите, а повозрасните тажат за луѓето кои што ги напуштаат огништата. А, тие пак кои што се останати критикуваат за тешкиот и мачен живот, за беспарицата, за лошата живејачка и лошиот стандард, бесперспективноста и немањето визија од страна на овие властодршци, истакна Мицкоски.

Поврзани новости