Вјоса Османи – претседателката на Косово вели дека е свесна за опасностите кои ѝ се закануваат на безбедност на државата, но дека е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.
Таа денеска рече дека Србија не ѝ мисли добро на нејзината земја и дека и натаму постои опасност од напад од страна на соседната држава, сличен на оној од 24 септември во Бањска.
„Секако дека сум секојдневно во контакт со безбедносните институции и истовремено со меѓународните партнери, со цел да се преземат мерки за заштита на Косово, на нашиот територијален интегритет и суверенитет. Србија не ни мисли добро, нејзините планови не се добронамерни, но најважно е дека сме подготвени да одговориме на секое сценарио“, рече Османи.