Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска во видео-објава во „професорски стил“ ја објасни структурата и содржината на преговарачката рамка на С Македонија со Европската Унија.
Целта, како што наведува тој во видео-објавата, е да ги демантира сите шпекулации во однос на нејзината содржина. Во објаснувањето, Осамни се фокусира на позиционираноста на Договорот со Бугарија и прегледите од член 12 од Договорот. З
астанат пред зелена табла со креда в рака, министерот за надворешни работи презнетацијата ја почнува со објаснување дека Преговарачката рамка се состои од два дела – општ и специјален дела. „
“Општиот дел се таканаречените општи одредници од Преговарачката рамка за коишто нема извештај, нема писмен извештај од страна на Комисијата и за кои нема да има гласање од земјите-членки, односно од Европскиот совет“, вели Османи.