Османи: Се уште има надеж за датум во јуни

by fokus

Во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, Бујар Османи вели дека сè уште има надеж за во јуни да се добие датум за старт на преговори со Европската Унија.

-Ако во јуни Република Северна Македонија не добие датум за почеток на преговори со Европската Унија потоа се ќе биде непредвидливо, поради многу причини, како Брегзит, изборни процеси во повеќе месеци и друго, рече Османи.

Тој додаде дека опозицијата се радува доколку нема да има датум во јуни.

Поврзани новости