Силјановска: До солзи ме доведуваат приказните на луѓето

by fokus

Мислам дека во кампањата се однесував не само женски, туку и фер, витешки. Тоа ќе го направам и последниве денови. Кога имате аргументи, кога верувате во она што сте го напишале тогаш мислам дека нема проблем и да го браните. А, се разбира јас немам проблем сигурна сум и да го спроведам тоа, изјави Гордана Силјановска Давкова за време на нејзината посета на Битола во рамки на кампањата за претседателските избори.

– Што да кажам, значи ретка прилика имав што и да се случи на 5-ти мај. А, јас мислам дека знам, интиуцијата ми говори што ќе се случи. Да ги видам најгорливите проблеми непосредно, не е многу весело она што се случува на пат и до солзи ме доведуваа ситуациите, состојбите, приказните на луѓето кои ги слушав од различни категории. Македонија не е во моментов пристојно место за живеење, Македонија мора да се реформира во секој поглед. Реформите треба да почнат од оние најгоре. Мислам дека сме имале и се уште имаме сериозна криза на лидерство дека во Македонија на највисоките позиции не се луѓе кои знаат, кои умеат, стручни и компетентни со интегритет и дигнитет. Но верувам дека оваа македонска пролет ќе биде запозната не само по велат за прв пат невообичаената кампања туку и по реформите – рече Силјановска.

Поврзани новости