Кандидатите за претседател Бујар Османи и Арбен Таравари вечерва имаа дуел на ТВ21, каде покажаа спротивствани политички ставови во однос на тоа која политичка опција може да донесе промени во државата.
Според Таравари, Албанците долго време чекаат промени и дека е време да им се даде шанса на нова генерација политичари.
„Овој беше еден од мотивите, да донесеме промена а Албанците едвај чекаат историска промена бидејќи видете, 23 години на власт е претерано и мислам дека една нова генерација политичари заслужува да ја води државата и да и се даде можност. Гледам многу млади во нашите партиски структури кои имаат капацитети на кои треба да им се пружи шансата како што некој му ја пружил на Османи и мислам дека јас заедно со мојот тим треба да и понудиме нешто на новата генерација кои можат да бидат подобри и поинакви“, порача Таравари и додаде дека мора да се случат уставни измени.
Ако биде избран за претседател, Таравари рече дела ќе настојува првата посета да ja направи во Брисел од каде ќе бара по секоја цена ова да биде последниот услов кој и се поставува на Македонија.
Исто така рече дека како претседател на државата, повикувајќи се на член 121 од Уставот ќе предложи да се исклучиме од иницијативата „Отворен Балкан“
Османи пак смета дека луѓе кои биле 20 години опозиција, не може да донесат промена.
„Овие се политиките кои ги трасиравме а што се однесува на промената, видете опозиција не може да бидат тие кои биле на власт последните 20 години, власт е и локалната власт и централната власт. Ние треба да споредиме што сме направиле годините кога сме биле на локална или централна власт или пак луѓето кои биле со функции во ДУИ 20 години, кои веќе се дел од опозицијата и се промовираат како промена, не можат да бидат промена“, вели Османи.
Тој се пофали дека во телефонот има броеви од луѓе кои носат одлуки во светски рамки, кои може во секој момент да им се јави и да им побара помош за Македонија.