Убеден сум дека ќе се најде решение во врска со историските прашања и недоразбирања со нашиот источен сосед Бугарија.
Ова денеска го порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој говореше за работата на историските комисии и спорот околу потеклото на Гоце Делчев.
„Очигледно се чувствува тензија на недоразбирање во преговорите со Бугарија. Се обидувам тоа да сфатам која е причината, но тоа е веројатно поради намалената комуникација поради изборите. Треба со ладна глава да пристапиме на ова прашање и има простор за разбирање на ова прашање. Имаме намера да создадеме амбиент, да ги охрабриме научниците. Јас сум убеден дека било кое решение ќе ослободи енергија и повеќе ќе не зближи. Ние како држава треба да излеземе од чувството на немање самодоверба“, истакна Османи.