Османи: Самоопределувањето не се регулира со билатерални односи!

by fokus

Нашиот фокус во овој период и во рамки на регионалната соработка, на Берлинскиот процес и во рамки на билатералните односи е да продолжиме да го почитуваме Договорот и инструментите на Договорот, кои јасно предвидуваат дека историјата ќе биде оставена на историчарите, на академиците и тие треба да најдат заеднички точки што ќе не спојат, за да ни обезбедат иднина на сите граѓани, рече министерот за надврешни работи Бујар Османи, на денешната заедничка прес-конференција со неговите колеги од Бугарија, Екатарина Захариева и на Германија, Хајко Маас.

Шефицата на бугарската дипломатија Захариева пак, одговарајќи на новинарско прашање дали доколку Софија ја блокира Северна Македонија на патот кон ЕУ, ќе може да се носи со одговорноста, потенцира дека е зачудена од тоа што изгледа, како што рече, тоа е нешто ново за вас.

– Да ќе ја носиме нашата одговорноста, навикнати сме да носиме одговорност, но многу би сакала и колегите во Скопје да ја имаат и да ја носат нивната одговорност, бидејќи имаме германско претседателство во моментот и Германија е една од земјата оснивачи, а не се многу такви кои го поддржвуаат проширувањето посебно за земјите од Западен Балкан, рече Захариева.

Според Османи, правата што произлегуваат од самоопределување се суверени права на државите и не се прашања што се регулираат во билатералните односи бидејќи државите сами одлучуваат какво ќе биде внатрешното уредување и кои ќе бидат нивните идентитетски атрибути поточно, нагласи тој, граѓаните искажуваат своите идентитетски атрибути. Потенцира дека треба да се држиме до рамката и до инструментите од Договорот за добрососедство, што определи создавање комисија со цел да се најдат заеднички точки на одбележување на историски настани и личности.

– Веруваме силно дека преговарачкиот процес не е само чист бирократски процес, туку процес што се води од универзалните вредности и принципи на ЕУ, а тие се заедничката иднина, за сметка на заедничкото минато и оттука сметам дека доколку овие овие принципи не би постоеле во ЕУ, ЕУ денеска не би постоела, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали има начин двете земји да постигнат договор.

Министерот Османи уште еднаш истакна дека Договорот за добрососедство е одлична рамка за надминување на разликите што постојат помеѓу двете држави во однос на сите прашања. Смета дека продолжувањето на имплемантацијата на договорот со добра волја и со фокус на заедничката иднина на двете држави е единственото решение.

– Јас сум оптимист дека сите сме свсни за влогот и за последиците од неуспех и за нас и за нашите внатрешни процеси и за значењето и улогата на Р Бугарија во враќањето на европската агенда на регионот, но и за предвидливоста и кредибилноста на ЕУ во регионот, рече тој и додаде дека Договорот за добрососедство претставуваше пресвртница во нашите односи.

Сепак, за министерката Захариева ова е шанса што Скопје не треба да ја пропушти, ако што рече и посочи дека Бугарија пред еден месец се обидувала да води интензивни преговори.

– Повеќе слушам што не трба да се напарви, а не што ќе се направи. Советот беше одложен за после една недела и можеби Скопје поинтензивно да го користи ова време. Да потенцирам Бугарија се согласи во март Скопје и Тирана да ги започнат преговорите, рече меѓу другото таа.

Захариева изрази уверување дека доколку Договорот потпишан во 2017 година се извршува и не се бараат начини за негово заобиколување или не продолжување на неговите точки, како што рече, ги има сите гаранции да се решат отворените прашања.

Таа оцени дека ако нема вистинско помирување, со дух на добра волја и ставање на маса на отворените прашања, тоа помирување нема да биде можно.

Поврзани новости