Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица ја разгледува документацијата од преговорите која деновиве беше координирана меѓу работните групи на ДУИ и СДСМ.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи брифира дека партиите се повеќе ги приближуваат своите ставови. Сепак, вели дека неговата партија внимателно ќе ги разгледува сите точки од предложените договори, а пред да донесе одлука, деновиве ќе има маратонска дебата.
На прашањето дали наскоро ДУИ ќе му ги даде 10-те пратенички потписи на Зоран Заев за состав на влада, Османи рече дека тоа ќе биде крајниот епилог, откако ќе донесат одлука за коалиција.
-Не може да се симплифицира процесот на давање на потписи на тој начин, ние водиме суштински процес на разговори и доближување на ставови, а поддршката на ДУИ е еден краен процес на еден постигнат договор меѓу двете партии – рече Османи.