Османи прв ќе лета со обновената авионска линија Атина-Скопје: Ова е симболика дека се затоплуваат односите меѓу двете земји

by fokus

Вицепремиерот, Бујар Османи, утре патува во Атина на средба со грчкиот министер за европски прашања. Средбата, како што рече тој, има симболичен карактер затоа што Османи прв ќе лета на обновената авинска линија од Атина до Скопје, која беше во прекин неколку години поради заладување на односите.

-Тоа што прв ќе летам на оваа релација е уште една симболика дека односите се затоплуваат, дека стратешкото партнерство ќе почне да функционира и соработката да се зголемува. Грција станува нов стратешки партнер на Македонија и со грчкиот министер ќе разговараме за поддршката на Грција во евроинтегративниот пат на Македонија. Ова е турбулентен период, и во Македонија и во Грција, но процесот за имплементација на Договорот во двете земји не е загрозен и покрај дневните политички турбуленции. Веќе утре ќе потврдиме дека Балканот добива две држави со силни и блиски релации – рече Османи.

Поврзани новости