Османи: Продолжуваат разговорите за решавање на политичката криза

by Фокус

Разговорите за надминување на политичката криза продолжуваат, вели портпаролот на ДУИ Бујар Османи откако оваа партија не поднесе предлози за членови на избирачките одбори.

Тој потврди дека „интегративците“ се противат на можноста за оддржување на предвремени парламентарни избори без учество на севкупната опозиција.

– Остануваме на ставот дека било кое решение, вклучувајќи ги и изборите, треба да биде прифатливо за сите партии потписници на Скопскиот договор – истакна Османи.

Поврзани новости