417
Дебатата за решавање на спорот за името треба да се води во рамките на преговарачките тимови, а не преку медиумите – порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
-Тоа што во моментот е клуч за успехот на овој процес е преговорите да не се одвиваат во јавност, дебатата да не се одвива преку медиумите. Ако сега почнеме да лицитираме тоа ќе биде модел за неуспех на прашањето. Знам дека граѓаните очекуваат, но верувајте, дека модел за неуспех е јавно преговарање. И грчката страна не треба да лицитира јавно со ставови. Во моментот кога ќе имаме начелно некоја согласност тогаш може да излеземе во јавност и да бараме мислење од граѓанитe – рече Османи.