Спремни сме за предизвикот кој го носат пристапните преговори, тие може да започнат веднаш, порача вицепремиерот Бујар Османи, кој денеска учествуваше на шестата седница на Националниот совет за евроинтеграции во рамки на парламентот.
-После две децении во процесот на европска интеграција, Република Северна Македонија конечно ќе премине во долго очекуваната фаза на преговори која претставува не награда, туку валоризација на се она што го постигнавме заедно, особено на реформите кои беа спроведени со консензус и на партиите на власт и на тие во опозиција – рече Османи.
Тој изрази верување дека на октомврискиот самит земјите – членки ќе донесат одлука која, според него, ќе даде импулс за натамошен напредок на земјава и ќе има позитивно влијание и врз останатите процеси во регионот.