Османи: Преговарачката рамка со ЕУ се очекува да ја добиеме во јуни

by Frosina Fakova

Нацртот за преговарачката рамка со ЕУ се очекува да го добиеме во јуни, додека годишниот извештај, кој се очекуваше во јуни, ќе се одложи за септември, соопшти вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Првиот предлог што ќе се објави на 3 јуни е всушност нацртот, рамката што ќе ја предложи Комисијата. Потоа таа ќе се разгледува во КОЕЛА, тело на Советот за проширување во којшто се земјите членки, каде што ќе се презентираат национални позиции. Се разбира, може уште и на ниво на Комисијата да има одредено влијание, но очекувам дека ЕК ќе излезе со неутрален став, рече Османи.

Поврзани новости