Османи: Подготвени сме да поддржиме Влада без ДУИ, ако опозицијата гласа за измените на Уставот

by Fokus

ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада, напиша министерот за надворешни работи, Бујар Османи  на социјалните мрежи.

Ова доаѓа како како реакција на барањата на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба со премиерот Димитар Ковачевски да го прифатат предлогот да влезат во Владата, но само ако во неа не учствува ДУИ.

„Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, додаде Османи во својата кратка обајава.

Поврзани новости