726
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во гостувањето во Утрински брифинг говореше за најавите на поранешниот заменик-директор на ЕСМ и внук на Али Ахмети, Фатмир Лимани, кој порача дека ќе се приклучи кон партијата Беса заедно со својата политичка структура.
„Од ДУИ, во овие 20 години произлегле над 13 политички партии сите со краток здив.И тоа од политички фигури кои биле на високи функции во партијата.Господиното Фатмир Лимани не бил на ниту една висока позиција во партијата така со среќа нека име на сите што мислат дека има подбро од ДУИ“, рече Османи.