498
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи утре во Брисел ќе има средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.
Како што соопшти Секретаријатот, Османи во рамки на посетата ќе го презентира напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Македонија.
Средбата Османи – Могерини се одржува во пресрет на 17 април, кога Македонија треба да го добие Извештајот од Европската комисија за состојбите и напредокот.