433
Во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, вицепремиерот Бујар Османи за ТВ21 вели дека од утре спикерот Талат Џафери седниците кои се одржуваат во Собранието може да ги води на албански јазик.
Тој претходно во емисијата соопшти дека Џафери вечерва го потпишал Законот за јазици, со што тој ќе биде објавен во Службен весник и албанскиот јазик ќе стане втор службен јазик во Македонија.