Османи од Брисел: Борбата против корупцијата е заедничка „болест“!

by Fokus

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска во Брисел имаше обраќање пред Северноатлантскиот совет на НАТО, каде ја претстави Програмата на Македонија како претседавач со ОБСЕ во 2023 година.

Пред Северноатлантскиот совет на НАТО, Османи ги спомена и останатите кризни ситуации низ регионот на ОБСЕ, истакнувајќи дека Централна Азија и регионот на Југоисточна Европа ќе останат во фокусот. Тој најави зајакнување на теренските мисии на ОБСЕ и поддршка за севкупното присуство на терен.

На врвот на листата на приоритети на Македонија како претседавач со ОБСЕ, Османи ги посочи и борбата против корупцијата и промовирањето на доброто владеење, наведувајќи дека тоа е заедничка „болест“ која го загрозува демократскиот и социо-економскиот раст.

Поврзани новости