Спасовски: Да не се дозволи радикалите да ги нарушат односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија!

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес конференција говореше за денот на одбележувањето на роденденот на македонскиот великан и деец, Гоце Делчев.

Тој повика на смирено чествување и гарантираше дека ресорното Министерство ќе обезбеди достојно одбележување на овој датум.

„Повикувам да имаме достоинствено одбележување на еден великан. Тој е личност што преминал од една во друга држава, затоа имаме одговорност да биде одбележувањето на повисоко ниво. Да бидеме одговорни во овој процес, затоа што неодговорноста не прави добро за граѓаните и државата. Мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас. Да не им се дозволи простор на радикалите кои сакаат да нарушат односи со Бугарија“, истакна Спасовски.

Поврзани новости