307
Министерот за надворешни работи Бујар Османи ја реафирмираше нашата целосна поддршка за Украина и изјави дека обезбедувањето практична помош, сѐ додека е потребна, останува наш приоритет.
Тој ова го изјави на традиционалната трансатлантска вечера, што се одржа во рамки на 78-то Генерално собрание на ОН во Њујорк, каде престојуваше на покана од државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
На настанот учествуваа и министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО, како и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
-Дополнително, истакна дека нашата безусловна поддршка за украинскиот народ уште еднаш беше потенцирана со усвојување на Заедничката изјава за поддршка на Украина од страна на земјите членки на А5, на вчерашниот состанок што се одржа во рамки на нашето претседавање со САД – Јадранската Повелба, соопшти Министерството за надворешни работи.
Од МНР соопштија дека Османи се осврна и на актуелните состојби во нашиот регион и потребата од интегрирање на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските структури како значаен влог во регионалната и европската стабилност.