ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

by fokus

ПроКредит Банка вчера организираше прославапо повод 20 годишното постоење намакедонскиот пазар. Во прекрасниот простор наПроКредит Академијата на Велешко Езеро со над 850 гости, менаџерскиот тим на Банката бешедомаќин на своите клиенти, видни личности одмакедонската банкарска индустрија, партнери и медиуми, меѓу кои и гувернерката на Народна банка на РСМ Анита Ангеловска-Бежоска и германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер.

Прославата беше одлична можност запотсетување на почетоците. ПроКредитотсекогаш била развојно ориентирана банка, фокусирана на поддршка на мали и среднипретпријатија, дигитализација и иновација, како и застапник на одговорно работење и негувањевистински вредности. Изминатите 20 годиниБанката успеа да даде значаен придонес конразвој на локалната економија, поддршка наизвозот и креирање на нови работни места.

Во изминатите 20 години постигнавмеисклучителни резултати. ПроКредит банкаподдржа над 4.000 македонски компании и денесееден од главните играчи во македонскиотбанкарски сектор, со кредитно портфолио одречиси половина милијарда евра, од кои 90% секредити за поддршка на бизниси и пазарен уделод 15% во сегментот мали и среднипретпријатија. Сето ова ни дозволува да сипоставиме амбициозни очекувања и за во иднина., истакна пред присутните, претседателот на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка, Јованка Јолеска Поповска.

ПроКредит Банка се издвојува на македонскиотпазар како пионер во дигитализацијата набанкарството, почнувајќи од 2015та со отворање на зоните 24/7 преку замената на класичнитебанкарски филијали и воведување на дигиталнаплатформа за кредитните и административнитебарања на клиентите, па се до иновација, промоција и поддршка на дигиталната еволуцијакај малите и средни компании, кои се нивнинајбројни клиенти.

Горда сум на тимот  на посветени и силнипрофесионалци со високи етички вредности, вредни, упорни, со  висок степен на одговорности личен интегритет кои неуморно работеа напоставување на нови, повисоки стандарди вобанкарството, висок квалитет на услуги и  висока професионалност.

ПроKредит банка 20 години претставува примерза одговорност, но тука не застануваме.Продолжуваме со нашата мисија да обезбедимеодговорни и одржливи финансиски услуги коипридонесуваат за развој на домашнатаекономија, општеството и животната средина, нудејќи иновативни дигитални решенија и промоција на енергетска ефикасност”, заклучи во своето излагање Јолеска Поповска.

Корпоративната прослава по повод 20 годинираст и успех е само дел од роденденскатакампања на ПроКредит Банка. Под слоганотПример за одговорност, преку лични примериБанката креираше кампања која покажува декаопштествената одговорноста не подразбира самодонација, туку е систематизиран принцип наработа кој опфаќа низа одговорни практики сокои се инвестира во подобра иднина за сите.

ПР текст

Поврзани новости