Османи ниту утре нема да ги објави одговорите на пакетот „5+1“?

by fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе присуства на седница на Комисијата за надворешни работи, но останува дилемата дали ќе ги презентира одговорите што Македонија и ги испратила на Бугарија одговорите на пакетот „5+1“.

На прашањето на „Фокус“ во однос на барањето на Антонио Милошоски да бидат објавени одговорите, односно дали Османи ќе ги објави или презентира пред Комисијата, од МНР не одговараат.

Бујар Османи го потврди присуството на Комисијата за надворешна политика на 28-ми јануари (петок). Одговорот е доставен до Претседателот на надлежната собраниска комисија, гласеше одговорот на МНР.

Во вечерашното гостување на телевизија Канал 5, Османи рече дека тие не можат да ги објават одговорите како документ, бидејќи процесот се уште трае и тие одговори/документи се работни документи.

Јас 10 пати ги кажав едно по едно точките од 5+1. Тоа што не можеме да поднесеме документи, е затоа тоа што станува збор за работни документи, нон пејпери.
Во моментот кога ќе видиме дека некоја формулација е прифатлива за нас и за нив, прво ќе се информираат пратениците, јавноста, па потоа ќе се даде нашата одлука.  Досега не е најдена таква формулација, вели Османи.

К.С.Б.

Поврзани новости