АУЕ ФОН организира конференција „БГМК 2030“

by fokus

АУЕ ФОН  организира билатерална конференција “БГМК 2030“:  Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво. Конференцијата ќе се одржи утре и задрутре.

Главниот настан ќе се одржи на 29 Јануари 2022 година (сабота) во холот на Универзитетот  со почеток од 10:00 часот.

Главната цел на конференцијата е да се поттикне дебата за моменталната состојба,  предизвиците можностите за граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво помеѓу двете држави Конференцијата се организира во два панели и предавање на известувачот на Европскиот Парламент за РС Македонија за студентите.

-Ве покануваме за присуството и учеството на конференцијата/дебатата и за учество на предавањето  на известувачот на Европскиот Парламент за РС Македонија. Оваа конференција е основа за серија идни настани со цел да се обезбеди подобрување на состојбите во иднина преку заеднички и координирани делувања и проекти. , велат од АУЕ ФОН.

Поврзани новости