Османи: Никогаш не сме кажале дека Фрчкоски е кандидат за амбасадор

by Фокус

Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или е отфрлен или прифатен, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, по објавувањето на информациите дека САД не дава согласност за номинација на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон.

-Процедурите на кандидатури на амбасадор односно амбасадори се до потврдување на агреманот и се во дискреција и се класифицирани податоци – изјави Османи на ТВ 21.

Откако МКД ја објави информацијата за Фрчкоски, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека не може да биде амбасадор човек со портфолио на тепач на жени и е лустриран соработник на државните служби.

Поврзани новости