Азески му одговори на Мицкоски: Здравјето пред се, има време за аргументи

by Фокус

Господине Мицкоски, Ви посакувам побрзо оздравување и закрепнување затоа што моето искуство за кое пишувате ме научило да го почитувам слоганот на нашата најуспешна компанија „Здравјето пред се“, после тоа има време и за аргументи.

Вака претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на фејсбук го обвини дека го вперил прстот кон опозицијата врз основа на мислења на членовите на Владата, Фатмир Бесими и Фатмир Битиќи.

Претходно, Азески апелираше парламентарните партии да ги изгласаат економските закони, порачувајќи дека секое кочење на законите значи сериозен удар за стопанството и компаниите, со што алудираше на односот на опозицијата во Собранието.

Поврзани новости