Османи: Не постои ривалство меѓу мене и Димитров

by fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска негираше дека постои ривалство меѓу него и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека вчерашните одвоени средби во Атина не се резултат на ривалство, туку на технички прашања поврзани со агендите.

– И досега функциониравме како тим затоа што одредени прашања се комплементарни и меѓусебно зависни. Секретаријатот за европски прашања е институција која дома институционално ги координира институциите во смисла на испораката на резултати, односно усогласувањето на домашното законодавство со она на Европската унија, а МНР има комплементарна улога во тој процес. Така што и сега ќе продолжи тој процес. Некогаш прашањата се технички во однос на агендата на средби, меѓутоа несомнено е дека целта ни е иста и сите во Владата функционираме како тим. Немајте дилема дека така и ќе биде, истакна Османи.

Поврзани новости