Владата со дипломатски одговор за изјавата на Груби: Ќе го охрабриме бизнис секторот да ги поддржи меѓуетничките односи

by fokus

Согласно програмата за работа на Владата во делот за еднакво општество е наведено дека: „Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеноста и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја.

Ова е дел од одговорот на Владата за државната агенција МИА по изјавата на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби дека ќе се субвенционираат приватни фирми кои ќе вработат малцинства, што значи дека правичната застапеност влегува и во приватниот сектор.

-По однос на економските политики, Владата ги помага и ќе ги помага компаниите за вработување на сите невработени граѓани, преку еднаков пристап кон сите граѓани и компании кои имаат потреба од таква поддршка. Општествата во услови на криза треба да се засноваат на компетитивност на квалитети од различна припадност, како и на поддршка на најранливите заедници, нагласуваат од Владата

Претходно денеска Груби најави субвенционирање на вработувањата во приватниот сектор на припадници на другите етнички заедници во земјава, но рече дека не е познато како тоа ќе се реализира.

– Се уште не сме размислувале за мерките, вчера за време на дебатата беа разгледувани различни идеи на кој начин би можело да се помогне правичната застапеност на сите заедници и во приватните компании, посебно во тие каде и државата има удел, дали по критериумите на распределба на работата, дали преку субвенционирање, сепак останува да се види која е најдобра можна опција за да имаме и правично и адекватно застапување на сите заедници и во приватниот сектор, рече Груби, кој смета дека бројот на претставеноста на заедниците во приватните компании е многу мал.

Поврзани новости