Османи: Не ми е важно што ќе каже истрагата за нападот на Пендиков!

by Fokus

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи во гостувањето во бугарската „БТВ“ говореше за инцидентот во Охрид, каде беше истепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

„Не ми е важно што ќе каже истрагата за нападот, важно ми е што ќе каже оштетениот и неговите родители. Неговиот родител вели дека бил нападнат поради бугарска етничка припадност. И мене ми е тоа доволно за денес да дојдам во Софија и да пратам порака“, вели Османи.

 

 

Поврзани новости