Позната е причината за смртта на старицата од Струмица

by Fokus

Осумдесет и тригодишната старица М.Б., која пред три дена беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов“ била убиена.

Како што информираа од ОЈО Струмица, по извршената обдукција било констатирано дека причина за смртта е надворешна сила, односно таа била задавена или задушена.

Безживотното тело на старицата, која живеела сама, беше пронајдено во петокот попладне од блиски членови на семејството, кои повикале Итна медицинска помош, а оттаму ја известиле полицијата.

Поврзани новости