414
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска изјави дека во ниту еден дел не е прекршена процедурата при носењето на Законот за употреба на јазиците.
Османи рече дека согласно Уставот, амандмани можат да се поднесуваат само на предлог-закони, а овој, како што рече, веќе бил усвоен.
„Усвоени закони можат да се променат само со предлог-закони. Ако некој сака да го промени овој закон, тогаш треба да поднесе предлог за измени“ – истакна Османи.
Според него, немало никаква основа за предлагање на амандманите и дека тоа го констатирал претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.