582
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вечерва на ТВ 21 истакна дека воведување на стопроцентен двонеделен карантин би била најуспешна форма во битката против вирусот, но, според него, тоа е невозможно.
-Несомнено, консензус од сите беше дека најдобриот пристап би бил ако две недели се воведе 100 процентно ограничување на движењето. Значи, секој да се изолира од секој 14 дена, бидејќи тоа е најдобриот начин за спречување на ширењето на вирусот. Меѓутоа, дали е можно се да се затвори две недели? Многу тешко, бидејќи луѓето мора да се хранат, да се лекуваат, има и други функции кои не можат да се ограничат – порача Османи.