Се најавува можно ревидирање на алгоритмот за тестирање за Ковид 19

by Фокус

Директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери, во интервју за „360 Степени“ посочи дека можеби треба да се ревидира алгоритамот со кој се утврдува дали некое лице треба да биде тестирано за коронавирусот, бидејќи, како што истакна, има поголем број на лица кои можеби немале врска со лицата кои дошле од поризичните места, но на крајот испаднале позитивни на Ковид 19.

-Ние имавме алгоритам на почеток кога имавме отворени граници, сега границите се затворени, се работи за друг алгоритам кој го имаат матичните лекари и според мене, во тој момент кога е поставен тој алгоритам, било укажано дека функционира, но не значи дека нема пропуст. Можеби треба да се ревидира алгоритамот бидејќи треба да признаеме дека имаме поголем број на лица кои можеби немале врска со лицата кои дошле од поризичните места. На алгоритамот кој е функционален, таму како појдовна точка беше дали имал контакт со некое дијагностицирано лице. Тоа е основното прашање, и ако лицата кои се јавуваат на матичен лекар и кажуваат дека имале контакт со дијагностицирано лице, по автоматизам алгоритамот ги изнесува за тестирање. Но, има и исклучоци – рече Зибери.

Поврзани новости