Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес порача дека опозицискиот лидер Христијан Мицкоски може да му се јави за да го праша во врска со односите со Бугарија.
-Јас сум подготвен да комуницирам со него на дневна основа. Не е добро за овие прашања да се шпекулира на дневна основа. Основната порака за време на мојата посета на Софија беше пренесена од премиерот Бојко Борисов кој рече дека не сака Бугарија да дојде во ситуација да ја блокира Македонија и дека очекува пробив во работата на Мешовитата историска комисија. Основната порака е таа и врз основа на неа се обидуваме да ја интензивираме комуникацијата. Добро е што Комисијата продолжи со работа во Скопје. Ги охабруваме да најдат заеднички точки на приближување, а ние ќе продолжиме да разговараме на сите политички нивоа ако има одредени недоречености – рече Османи.