Ваквите очекувања Османи ги темели на постигнувањата во, како што рече историската 2018, на очекувањето за финализација на обврските од Преспанскиот договор во земјата, на реализацијата на зацртаното од Планот 18 и пред се на изјавата на еврокомесрот Јоханес Хан за временската рамка за пристапување кон Унијата.
-И покрај тоа што постои песимизам дали сме ние подготвени, сепак, потврдата од комесарот Хан дека Македонија може заедно со Србија и Црна Гора да ја фати 2025-та е вест на годината бидејќи 2025 е пред врата и топката е на наша половина да испорачаме за да може да го фатиме тој рок, рече Османи.
Во однос на реформите, нагласи дека се фокусирани на реформите во судството, безбедносните служби, јавната администрација и борба против органиизраниот криминал и корупцијата.
Досега, рече вицепремиерот, реалиизирани се 66 проценти од зацртаните мерки, а пробив е направен со донесувањето повеќе закони во правосудството и во безбедносните реформи. Со оглед дека повеќето од овие закони се носат со двотретинско мнозинство за нив, потенцира тој, Владата се консултирала и со пратениици од опозицијата и од дел од нив е добила поддршка поради што очекува повеќето да бидат донесени во Собранието до крајот на годината.