Беља не го познавал напаѓачот кој му пукаше во нога

by fokus

Економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља ги познал тројцата напаѓачи кои со тупаници го претепале на паркингот во Чаир и ги посочил на полицијата. Но не го знаел пиштолџијата кој го застрелал во нога, објави Телма, повикувајќи се на извори од истрагата.

Не само Беља туку и другите тројца приведени кои биле со него вечерта тврделе дека не го познаваат четвртиот напаѓач, велат изворите на Телма.

Мотивот за сега официјално не се соопштува. Медиумите пишуваа дека економскиот директор на Гинекологија имал несогласувања со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу затоа што му била стопирана општинската плата. Од општината негираа вмешаност на градоначалникот. Изјавата на министерот Спасовски дека Ганиу добивал закани од Беља, за што имало и пријава во МВР,  укажува дека постоело некакво несогласување мегу двајцата функционери на ДУИ.

Од партијата пак тврдат дека инцидентот не е поврзан со ДУИ.

Поврзани новости