409
Интервенцијата на косовската полиција на северот на Косово е во согласност со легислативата на Косово, истакна косовската претседателка Вјоса Османи.
-Суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово се неповредливи, неотуѓиви и неделиви и се заштитени со сите средства дефинирани со устав и закон. Дејствијата на косовската полиција против нелегалните структури на криминалните групи на Вучиќ се легитимни, во исполнувањето на нивните уставни должности и во заштитата на сите граѓани, без разлика“, напиша таа на Твитер.
Шефот на УНМИК, Каролина Зијаде, побара да се преземат итни чекори за намалување на тензиите на северот на Косово.