Османи ќе биде шеф на преговарачкиот тим во скрининг процесот, Маричиќ ќе биде главен за техничкиот дел

by fokus

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања Бујар Османи ќе биде шеф на политичкиот преговарачки тим во скрининг процесот на ЕК, објави телевизија Телма. Задолжен за техничкиот дел од процесот  ќе биде советникот на премиерот, Бојан Маричиќ.

Скрининг процесот на комисијата започнува утре со доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Хан пред неколку дена изјави дека скринингот почнува со поглавјата 23 и 24, односно владеењето на правото, судството, корупцијата, слободата и безбедноста.

По завршувањето на скринингот, Комисијата треба да подготви извештај со кој ќе даде оценка за тоа, дали Македонија е подготвена за влез во ЕУ.

Поврзани новости