Димитриевски: Пола МВР е во Куманово

by fokus

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашното гостување на Телма изјави дека ќе победи на локалните избори, и покрај, како што вели, притисоците од власта.

-Притисоците во Куманово нема да поминат. Ги има, евидентни се, пола МВР е во Куманово веќе, но не е важно. Ние кумановци не виткаме кичма. Не менуваме историја и не дозволуваме да ни бришат плочи, не дозволуваме да ни бришат минато. Дефинитивно ќе продолжиме да правиме прогрес за нашиот град и нашите граѓани, бидејќи тие го заслужуваат тоа – рече Димитриевски.

Тој одлучи да настапи како независен кандидат без да ја почека одлуката на матичната партија СДСМ, која после тоа го исклучи од членството, а во Куманово одлучи да истрча со Оливер Илиевски.

-И јас учествував во кампањата кога градоначалник стана Димитриевски со надеж дека програмата ќе се реализира, но тоа не е направено. Во партијата имаше воспоставено мерит-систем за избор на кандидат за градоначалник и јас бев на прво место според постигнатите резултати на позициите што сме ги имале – рече Илиевски, посочувајќи дека бил награден како најдобар работник во банката каде своевремено работел.

Поврзани новости