Османи: Иванов не е значителен фактор во овој процес

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека претседателот Ѓорге Иванов не може да ја запре позитивната „бура“ што ги зафати Македонија и регионот на патот кон евроинтеграците, со непотпишувњето на ратификацијата на Договорот со Грција.

– Преседателот Иванов не е значителен фактор во овој процес. Многу е големо влјанието на Договорот меѓу Македонија и Грција. Голема е и енергијата која е испуштена од потпишувањето на овој Договор, што не го оставил рамнодушен цел свет. Мала политичка фигура е господинот Иванов за да запре една ваква позитивна бура, која е раширена на 17 јуни низ регионот. Треба да им се објасни на граѓаните за придобивките на овој Договор, и тоа што би можело да го изгубиме доколку не го потпишевме, вели Османи во интервју за емисијата „Different“ на Журнал ТВ. 

Поврзани новости