Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ – најдобар одговор на руските империјални амбиции

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот настан Деновите на НАТО во земјава, со кои се одбележува 4 години од членството на С. Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата нагласи дека интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјални амбиции, истакнувајќи дека Украина е само прва станица, а една од следните ќе биде Западен Балкан.

„Членството на Северна Македонија во НАТО се реализираше во многу соодветен момент, пред почетокот на руската агресија во Украина. На тој начин, земјава претставува не само фактор на стабилизација на Регионот, туку и поттик за земјите во нашето соседство, кои имаат волја и се подготвени да застанат зад заедничките евроатлантски вредности и цели”, рече Османи, потенцирајќи дека сега е време за забрзување на европските и евроатлантските интегративни процеси.

„Сега, повеќе од било кога, евроатланската и европската интеграција на Западниот Балкан е клучна за подобрување на безбедноста и за консолидирање на стабилноста. Евро-атлантските интегративни процеси се најдобрите демократски алатки за спречување конфликти и злонамерно вмешување на трети страни” рече тој.

Поврзани новости