Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека има одредено приближување на ставовите со Бугарија, но, не до позиција да се каже дека е најден заеднички јазик за надминување на разликите.
Тој истакна дека на последната средба со бугарскиот премиер Кирил Петков разговарал за политичкиот процес, и за сите детали на прашањето, за сите негови аспекти.
-На секоја средба има одреден прогрес односно одредено приближување на ставовите, меѓутоа се уште не можам да кажам дека сме во позицијата да речеме дека најдовме заеднички јазик за надминување на разликите како понатаму, бидејќи тогаш би требало како што имаме ветено да дојдеме во Скопје да ја информираме јавноста. Значи се уште не сме во таа позиција иако мислам дека ваквите чести средби даваат појасна слика на двете страни за тоа како понатаму да се движиме во процесот, рече Османи на редовниот брифинг со новинарите.