118
Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитики до Украина и Молдавија за почетокот на преговорите со Европската унија.
„Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отворање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво 2 милиони граѓани. Уште малку!“ напиша Османи.